За колку се продава јахтата на Тито?
Црна Гора ја продава јахтата „Јадранка“ на поранешниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито за 80.000 евра.
Можат да конкурираат сите заинтересирани физички и правни лица за купување.
Сите пловни објекти, опрема и резервни делови, како и работничка опрема, се продаваат без вооружување и воена опрема, се наведува во соопштението објавено на сајтот на тамошното министерство.
Црногорското министерство за одбрана продава и бродски мотори, чија вкупна вредност изнесува 36.100 евра, како и резервни делови за дизел мотори за 77.492 евра.
Слично
