Економија, финансии, бизнис

Контакт

За колку се намалиле продажните цени на производителите на индустриски производи?

За колку се намалиле продажните цени на производителите  на индустриски производи?

Во септември 2016 година, продажните цени на производителите  на индустриски производи, вкупно, се пониски за 0.2% на месечно ниво, а за 1.0% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика

Во септември 2016, во споредба со август 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот рударство и вадење на камен за 3.1%, во секторот преработувачка индустрија се на исто ниво, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се повисоки за 0.4%. Во септември 2016, во споредба со септември 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот рударство и вадење на камен за 0.3% и во секторот преработувачка индустрија за 1.1%, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се повисоки за 0.3%.


Слично

Поврзани вести