Економија, финансии, бизнис

Контакт

За колку се намали трговската размена со Германија?

За колку се намали трговската размена со Германија?

Трговската размена со Германија лани се намалила за шест отсто, а со Велика Британија се зголемила за 18,9 отсто.

Ова го покажуваат податоците за надворешно трговската размена на Државниот завод за статистика(ДЗС) кои се објавени денеска. Лани вкупниот обем на трговска размена со светот достигна 19,5 милијарди евра, што е за 3,77 отсто повеќе во однос на претходната 2024 година. Трговскиот дефицит изнесуваше 3,5 милијарди евра, што значи дека Македонија во текот на минатата година узвезла за толку повеќе производи отколку што изнесувала вредноста на извозот.

Како што соопшти Државниот завод за статистика, извозот на стоки лани достигнал 8 милијарди евра и бележи пораст од 2,9 отсто во однос на истиот период 2024, а увозот 11,5 милијарди евра или 4,4 проценти повеќе.

Главни трговски партнери и натаму се Германија, со обем на трговската размена од 4 милијарди евра, потоа Велика Британија со 1,5 милијарди евра, Кина е на трето место со 1,3 милијарди евра, потоа следи Србија со 1,2 милијарди евра, Грција со 1,19 милијарди евра и тн.

И покрај помалиот обем на размена лани, со Германија и натаму Македонија е во плус, односно извезува многу повеќе отколку што увезува од таму. Така, лани од Македонија во Германија биле извезени стоки во вредност од 2,89 милијарди евра, а биле увезени за 1,14 милијарди евра што значи дека суфицитот во размената е околу 1,7 милијарди евра. Суфицит во размената имало и со Унгарија (извозот вредел 363 милиони евра, а увозот 213 милиони евра.

Слично

Поврзани вести