Економија, финансии, бизнис

Контакт

За колку се намали сообраќајот низ Ормутскиот теснец?

За колку се намали сообраќајот низ Ормутскиот теснец?

Сообраќајот низ Ормутскиот теснец е намален за 95 проценти.

Протокот на бродови низ Ормутскиот теснец е драстично намален и дневно поминуваат помалку од пет танкери, што претставува пад од околу 95 проценти во споредба со вообичаениот сообраќај, објави агенцијата Тасним.

Според агенцијата и платформата „МаринТрафик“, Техеран дозволува премин главно на бродови од пријателски земји, како што се Кина, Индија и Пакистан, додека непријателските земји немаат дозвола за премин.

„МаринТрафик“ наведува дека во четвртата недела од војната, помалку од пет брода дневно добивале дозвола од Техеран да поминат низ теснецот.

Малезискиот премиер Анвар Ибрахим изјави дека по разговорите со лидерите на неколку земји во регионот, Иран им дозволил на малезиските бродови да поминат низ Ормутскиот теснец.

Како што објави Ројтерс, Анвар во телевизиско обраќање изјави дека разговарал со лидерите на Иран, Египет, Турција и други земји на Блискиот Исток.

Тој му се заблагодари на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан за тоа што им дозволи на малезиските бродови да поминат низ стратешки важниот теснец.

Малезискиот премиер, исто така, изјави дека владата ќе ја задржи цената на субвенционираното гориво.

foto printsktin

Слично

Поврзани вести