За колку се намали обемот на светската трговија со вештачки ѓубрива поради војната во Иран?
Поради војната на САД со Иран, обемот на светската трговија со вештачки ѓубрива се намали за 30 проценти.
Глобалната трговија со вештачки ѓубрива се намали за 30 проценти во обем во текот на првите четири месеци од 2026 година, поради тековната војна на Блискиот Исток.
Ова го објави денеска Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО), која очекува „бавно и нерамномерно“ закрепнување дури и ако Ормутскиот теснец се отвори повторно овој месец.
Од јануари до април, во светот имало 41 милион тони во оптек, а во истиот период во 2025 година, 58 милиони тони бидејќи земјоделците ги одложиле купувањата поради зголемувањето на цените на ѓубривата и ниските цени на житарките, објави ФАО.
Во однос на вредноста на прометот, трговијата со ѓубрива паднала на 18 милијарди долари во текот на првите четири месеци од оваа година, што е за 18 проценти помалку од претходната година.
Неколку земји, вклучувајќи ги Кина, Русија, Турција и Египет, го ограничија извозот на ѓубрива, со што дополнително се намали понудата, според извештајот на ФАО насловен „Перспективи за производство на храна“.foto printskrin youtube
