Економија, финансии, бизнис

Контакт

За колку се намали бројот на туристи на Кипар поради војната во Иран?

За колку се намали бројот на туристи на Кипар поради војната во Иран?

За 30 отсто е намален бројот на туристи на Кипар во март поради ситуацијата на Блискиот Исток.

Пристигнувањата на туристи на Кипар минатиот месец се намалиле за 30 отсто поради војната на Блискиот Исток и нападот врз воените бази во земјата, според потпретседателот на Здружението на туристички агенции на Кипар, Христос Христу, кој посочил дека се очекува пад на бројот на туристи да има и во втората половина на април и во мај, јави дописничката на МИА од Атина.

На прес-конференција во пресрет на саемот за туризам (Travel Expo Cyprus 2026), Христу се осврнал и на актуелната ситуација, посочувајќи дека „влезниот туризам во моментов страда“, со оглед на тоа што во март имало намалување од 30 отсто наспроти, како што објаснил, „предвидувањата за зголемување од 10 проценти пред војната“.

foto Wikipedia/kallerna 

Слично

Поврзани вести