За колку поскапеа становите во седумте најголеми германски градови?
Според прелиминарните пресметки на Федералниот завод за статистика, ова е четврти месец по ред во кој цените на станбените недвижности во Германија се зголемија во споредба со истиот квартал минатата година.
Трендот на раст продолжи и на краток рок: од јули до септември 2025 година, станбените недвижности во Германија беа во просек за 1 процент поскапи отколку во пролетта.
По серијата падови на цените од четвртиот квартал на 2022 година, пазарот го смени курсот во последниот квартал од 2024 година: од октомври до декември, цените на станбените недвижности во Германија се зголемија за 1,9 проценти, а во првиот квартал од 2025 година се зголемија за 3,5 проценти во споредба со истиот период минатата година, пренесува српски Блиц.
Во вториот квартал, според најновите проценки, е забележан скок од 3,1 процент. За споредба, просечната годишна цена на куќите и становите во Германија се намали за 1,5 проценти во 2024 година.
foto Wikipedia
