За колку поскапе среброто годинава?
Среброто се тргуваше на берзата во Њујорк „Comex“ за 42,9 долари за унца, а неговата цена за килограм е повеќе од 1.000 швајцарски франци, информира швајцарскиот јавен сервис РTС.
Вредноста на среброто се зголеми за околу 20 проценти од почетокот на годинава, а растот се забрза во август. Инвеститорите се вртат кон скапоцените метали поради глобалната неизвесност, а дополнително се мотивирани од очекувањето дека Федералните резерви на САД наскоро ќе ги намалат каматните стапки.
foto freepik.com
Слично
