За колку пораснало индустриското производство во Македонија?
Индустриското производство во првите три месеци од 2018 година има раст од 5,2 проценти во однос на тој период лани, објави Државниот завод за статистика.
Индустриското производство, во март годинава во однос на март лани бележи зголемување од 4,6 проценти.
Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во производството на тутунски производи, на облека, на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, на фабрикувани метални производи, освен машини и уреди, на електрична опрема, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и производство на мебел.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во март 2018 година, во однос на март 2017 година, бележи опаѓање од 5,4 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 2,6 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 33,1 отсто.
Според главните индустриски групи, производството во март 2018 година, во однос на март 2017 година, бележи пораст кај Енергијата за 26,2 отсто, Капитални производи за 13,5 отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 35,4 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,8 отсто, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 8,1 отсто.
За споредба, во јануари 2018 година, продажните цени на производителите
на индустриски производи на домашниот пазар беа повисоки за 0.4% на месечно ниво и за 1.9% на годишно ниво.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во декември 2017 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар беа пониски за 0.2% на месечно ниво, а повисоки за 1.4% на годишно ниво.
Во ноември 2017 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар беа пониски за 0.2% на месечно ниво, а повисоки за 1.6% на годишно ниво.
