За колку пораснале цените на производителите на индустриски производи?
Пораснале цените на производителите на индустриски производи.
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 0.2% на месечно ниво, односно за 0.3% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во август 2016, во споредба со јули годинава, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.6%, енергија за 0.4% и трајни производи за широка потрошувачка за 0.2%.
Во август 2016, во споредба со август лани, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите капитални производи за 6.5%, трајни производи за широка потрошувачка за 4.0%, енергија за 1.8% и нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.2%.
