Економија, финансии, бизнис

Контакт

За колку пораснала просечната плата во земјава?

За колку пораснала просечната плата во земјава?

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во октомври 2018 година изнесува 36 488 денари, a нето-платата по вработен, била 24 817 денари.

Просечната нето-плата пораснала 462 денари. 

Овие податоци денеска ги објави Државниот завод за статистика. Индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во октомври 2018 година, во однос на октомври 2017 година, изнесува 106.5.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Рударство и вадење на камен (20.8 %), Информации и комуникации (18.7 %) и Преработувачка индустрија (11.4 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (5.3 %), Административни и помошни услужни дејности (3.9 %) и Финансиски дејности и дејности на осигурување (3.3 %).

Слично

Поврзани вести