Економија, финансии, бизнис

Контакт

За колку пари студираат европските студенти?

За колку пари студираат европските студенти?
Сериозни разлики во одделни држави од ЕУ во однос на плаќањето на високото образование и стипендии за студентите, открива извештајот на мрежата "Евридика" за учебната 2014/2015 година. Студентите во Скандинавските земји и Германија пример не плаќаат надомест за првиот циклус од своето високо образование (на додипломските програми). Но дури и таму каде што има воведено такси - работите се движат сериозно. Најниска школарина на пример плаќаат студентите во чешките универзитети - помалку од 50 евра за година. Највисоки се тие во Велика Британија. По сериозна реформа во 2012 година студентите во британските универзитети плаќаат во просек над 11 илјади евра годишно. Моделот сепак е уникатен за Европа - школарината не се плаќа веднаш, туку по дипломирањето, кога приходите надминуваат одреден праг. Во Естонија, пак, од оваа година ја врзуваат школарината со резултатите од учењето - плаќаат само студентите кои не ги собрале задолжителните кредити за учебната година. Слична зависност има и во Чешка, Шпанија, Унгарија, Полска и Словачка. Во повеќето европски земји само мал процент од студентите добиваат стипендии. Исланд е единствената држава во која нема систем за државни стипендии, иако ова во моментов е предмет на дискусии. Во рамките на 35 образовни системи стипендиите се обезбедени врз основа на финансиските потреби на некои или сите студенти, а во 23 системи се обезбеди стипендии врз основа на високи оценки од студиите. Речиси сите од овие системи ги комбинираат стипендиите засновани на потребите, и оние врз основа на рејтингот. Државно субвенционирани кредити за студентите играат значајна улога за помагање на студентите во приближно половина од опфатените земји. На сличен начин, исто така, во приближно половина од земјите, при помагањето се земаат предвид семејните околности како целина и помош не се плаќа директно на студентите, туку во форма на даночни олеснувања за родителите или семејни надоместоци. Целосното истражување прочитајте го ОВДЕ. K.K.
Слично

Поврзани вести