Економија, финансии, бизнис

Контакт

За колку ќе порасне минималецот во март?

За колку ќе порасне минималецот во март?

Работниците ќе примаат повисок минималец идниот месец. Минималната плата од март ќе изнесува 20.175 денари.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вели дека се прават последните пресметки и дека Сојузот на синдикати, но и Министерството за труд и социјална политика се прi крај со пресметките. Во согласност со законот, секоја година во март има ново усогласување со двата критериума. 

„Оваа година мислам дека според последните информации што ги издаде Државниот завод за статистика, 12,55 отсто ќе биде зголемувањето на минималната плата и таа ќе биде 20 175 денари нето. Соодветно и бруто-минималната плата ќе биде зголемена. Со тоа ќе продолжи тенденцијата на линеарно зголемување на сите други плати во сите сектори“, рече Битиќи.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември лани, изнесувала 34.364 денари и во однос на декември 2021 година, пораснала за 14,8 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Слично

Поврзани вести