Економија, финансии, бизнис

Контакт

За колку ќе порасне македонската економија годинава?

За колку ќе порасне македонската економија годинава?

Економијата годинава ќе порасне за 3,5 отсто. Народната банка останува на оваа прогноза. 

Главниот двигател на растот се очекува да биде домашната побарувачка, а нето извозот да има негативен придонес.

Главните ризици се ниските капитални инвестиции, и затоа се очекува нивен раст во наредниот период, како и очекуваното забавување на глобалниот економски раст, особено на германската економија чии раст годинава се очекува да биде преполовен според прогнозите на ММФ. 

Забрзувањето на процесите на евроатланстките интеграции на државава се смета за позитивен ризик, и може да донесе повисоки странски инвестиции. 

Инфлацијата годинава ќе биде пониска од претходно предвидената и ќе изнесува 1,5 проценти.

Слично

Поврзани вести