Економија, финансии, бизнис

Контакт

За колку ќе падне македонскиот БДП?

За колку ќе падне македонскиот БДП?

Ќе има пад на БДП, но рано е да се каже колкав ќе биде,  изјави денеска вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска. 

Таа вели дека има оптимистично и песимистичко сценарио за приходите во буџетот. 

Очекувам овој пад на приходите се надмине кога економијата ќе се рестартира. Ќе има намалување, но се уште е рано да се зборува колкав ќе биде падот на БДП, посебно по сектори“, изјави Царовска. 

Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд исто така проектираат дека ќе имаме пад во нашата држава, и во регионот и светот воопшто.

Според Светска банка, сите земји од регионот ќе влезат во рецесија. Тие прогнозираат пад до 3.2 проценти. Сите мерки кои ги презема Владата, ќе помогнат да се намали ризикот за неликвидност, рече Царовска 

Дури и развиените земји како Германија ќе се соочуваат со сериозен пад на БДП. 

Слично

Поврзани вести