Економија, финансии, бизнис

Контакт

За колкава сума „Макпетрол“ ѝ го продаде на државата делот во ГА-МА?

За колкава сума „Макпетрол“ ѝ го продаде на државата делот во ГА-МА?

„Макпетрол“ ѝ го продаде на државата делот во ГА-МА за 32,7 милиони евра

Информацијата е објавена на Македонска берза. 

„На 25.08.2021 преку Македонската берза за хартии од вредност АД Скопје е реализирана блок трансакцијата за продажба на акцијата, сопственост на Макпетрол АД Скопје, во ГА-МА АД Скопје, во согласност со Одлуката на Надзорен Одбор“, стои на веб страната на  берза. 

Во известувањето на „Макпетрол“ до Македонската берза стои  дека предмет на продажба е акцијата која Макпетрол АД Скопје ја има во ГА-МА АД Скопје, а вредност на зделката во апсолутен износ е 2.015.382.127,00 денари.  Се наведува дека висината на зделката е утврдена врз основа на извршена проценка на капиталот од овластен проценител, со која се утврдува пазарната вредност. Корисници на зделката се Владата  и Макпетрол АД Скопје. Се работи за реализација на одлуката донесена уште во октомври 2019 година со која беше одобрена продажба на акцијата во сопственост на Макпетрол во ГА-МА АД Скопје на Владата по цена од 32.773.905 евра, во денарска противвредност по средниот курс на еврото според курсната листа на НБМ на денот на пријавување на трансакцијата на Македонската берза. Спорот околу сопственоста на овој капитален инфраструктурен објект траеше долго, при што е поднесено барање за медијација пред Енергетската заедница. Тоа резултираше со одлуката за продажба на акцијата која ја поседува Макпетрол по пазарна цена согласно извршената процена од овластени проценители.

Слично

Поврзани вести