За која банка Наполеон ставил свој параф?
Сосиете Женерал е банката чие основањe го потпишал Наполеон. За време на Втората Француска Република, група индустријалци и финансиери се решаваат да ја основаат Сосиете Женерал заради развивање на француската економија. Вистински интригантен факт е што основачкиот декрет за оваа банка го парафирал Наполеон III на 4 мај 1864 година.
На 4 мај 1864 година, додека седел на своето биро во палатата Тилери, императорот Наполеон Трети добива документ од министерот за земјоделство, трговија и јавни работи. Документот бил, всушност, основачкиот декрет за банката Сосиете Женерал. Императорот без двоумење ставил потпис на документот, затоа што го препознал неговото значење. Во тоа време поднесувачите на основачкиот декрет воделе лоби-кампања за основање кредитна институција што ќе ја модернизира националната економија.
Можеби е чиста случајност, но на истиот датум членовите основачи на Сосиете Женерал одржале состанок на одборот на директори во хотелот „Св. Јулијан“ во деветтата општина на Париз. Овој објект бил во сопственост на семејството Ротшилд, кој за потребите на состанокот му го дал на користење на одборот на директори. Ова и не би бил некој многу значаен факт, но е особено интересен затоа што императорот Наполеон Трети бил роден таму, а тој на истиот ден го потпишал основачкиот декрет за Сосиете Женерал.
Сосиете Женерал расте со брзо темпо
За Сосиете Женерал велат дека е банка создадена од претприемачите, за претприемачите. Оригиналниот назив на Сосиете Женерал бил „Генерална компанија за поддршка на развојот на трговијата и индустријата“. До 1870 г., Сосиете Женерал во Париз отвора 15 експозитури, а низ цела Франција 32. Веќе следната година, Банката отвора постојана канцеларија и во Лондон. Во овој експанзивен период, Банката почнува со активности и во Русија.
Веќе во 1895 г., Банката има 14.000 акционери, а осумнаесет години подоцна, во 1913 г., Банката има 122.000 акционери!
Како една од најголемите светски банкарски групации, француската групација е веќе десетта година присутна на македонскиот финансиски пазар.
Денес, Сосиете Женерал е една од водечките светски банкарски групации, а застапена е во шеесет и седум земји и услужува повеќе од 31 милиони клиенти. На глобално ниво, 145.700 вработени во групацијата доаѓаат од 123 националности.
Оваа банка важи за компанија посветена на иновацијата и затоа константно вложува во модернизирање на своите дигитални услуги за банкарско работење. Поддршка на овој факт е и определбата на Банката до 2020 година да инвестира една и пол милијарди евра во дигитални услуги и ИТ во Франција.
Предностите да се има една светска банка присутна на македонскиот пазар се безбројни. Од новитетите во работењето и корпоративната култура, па сè до уникатните банкарски производи кои се промовираат во светот.
Бурсорама (Boursorama Banque), како посебен бренд на Сосиете Женерал за онлајн-банка за население, е најмногу користена и најмногу препорачувана во Франција, а петта е во Европа.
Единствена банка, којашто има формирано технолошки центар со универзална функционалност, „The Dunes“ во близината на Париз, во којшто се ангажирани млади лица како и 5 стартап-места за развој на мултифункционални синергии за банкарскиот сектор, како и за осмислување и креирање иновативни решенија и безбедносни банкарски ИТ-системи.
Сосиете Женерал е меѓу лидерите во банкарскиот сектор на глобално ниво во поглед на мрежата за меѓународен платен промет, како и во поглед на корпоративното и инвестициското банкарство.
Оваа година, Сосиете Женерал прославува десетгодишен јубилеј од своето работење во Македонија, откако во 2007 година стана сопственик на мнозински пакет акции во Охридска банка. Според менаџментот на Банката, присуството на македонскиот пазар е дополнителна инспирација за пласирање нови производи и банкарски продукти кои допрва позитивно ќе ги изненадуваат клиентите.
Комерцијален текст