Економија, финансии, бизнис

Контакт

За кој предмет СЈО ќе „дава отчет“ во септември?

За кој предмет СЈО ќе „дава отчет“ во септември?

„Шпион“ е случајот за кој специјалното јавно обвинителство ќе треба да се произнесе во септември, откако денеска беше соопштено дека специјалните обвинителки се спремни да се произнесат за предметот, но бараат кратко  одложување на јавната седница бидејќи им е потребно  дополнително време 

Од СЈО појаснуваат дека по детално разгледување на предметот, кој е многу обемен, подготвени се да се произнесат како ќе постапуваат, но во оваа фаза од постапката не можат јавно да соопштат дали ќе ги поддржат или ќе ги отфрлат  жалбените наводни на одбраната. Највено е дека СЈО ќе се произнесе за предметот „Шпион“ до 1 септември, пренесува „Академик“. Адвокатите на обвинетите очекуваат дека СЈО ќе ја согледа фактичката состојба бидејќи се уверени дека за најголем дел од лицата осудени во предметот не постојат докази за делата што им се ставаат на товар. Тие сметаат дека СЈО нема да побара отфрлање на жалбите на обвинетите по автоматизам, како што досега настапувало Вишото јавно обвинителство во жалбените постапки. „Се тврди дека обвинетите биле припадници на странски разузнавачки служби и дека работеле за нив, но никаде не се наведува кој, кога и кои информации ги пренесувал, така што предметот е паушален. Мислам дека вистинската дискусија околу предметот ќе се отвори кога ќе се произнесе СЈО“, изјави адвокатот Ѕвонко Давидовиќ, пренесе Макфакс. Еленко Миланов, адвокатот на Марјан Ефремов, првообвинет во предметот, смета дека во предметот има многу суштествени повреди на Кривичниот законик и очекува дека СЈО ќе ги согледа тие повреди. „СЈО е сепак странка во постапката и ние можеме само да претпоставуваме каков предлог ќе даде на следната јавна седница. Сепак, останува на судот како ќе одлучи по тие предлози. Она што може да го направи СЈО е да ги потенцира сите повреди, коишто сметам дека во овој предмет не се мали“, вели Миланов.

Слично

Поврзани вести