За кои струки има најмногу слободни работни места во Македонија?
Најмногу слободни работни места во земјава во последниот квартал лани имало во секторот објекти за сместување и сервисни дејности со храна.
По региони, Пелагонискиот има највисока стапка на слободни работни места - 2,35%, а најголем број слободни работни места има групата работници во услужни дејности и продажба - 2.432.
2470 слободни места има во преработувачката индустрија, 1090 во трговија на големо и мало, а 523 во градежништвото.
Ракувачи и составувачи на машини и постројки - 975, техничари и сродни занимања - 906, елементарни занимања - 745, занимања за неиндустриски начин на работа во производството - 563, службеници - 419 и стручњаци и научници - 403.
Од друга страна најниска стапка на слободни работни места е регистрирана во јавна управа и одбрана и задолжително социјално осигурување.
