За кого Шпанија воведува работна недела од 35 часа?
Владата на Шпанија објави дека од април во централната администрација ќе се воведе работна недела од 35 часа, што е намалување во споредба со претходните 37,5 часа.
Оваа мерка ја поддржаа трите главни синдикати на државни службеници – UGT, CC OO и CSIF – и се очекува да опфати околу 246.000 вработени во државната служба.
Министерот за јавна администрација, Оскар Лопез, нагласи дека спроведувањето на новата работна недела ќе биде дефинирано во рок од најмногу 15 дена, објавува денеска „Паис“.
Повеќе земји во светот правеа различни експерименти со скратена работна недела за да се видат ефектите.
Слично
