За кого е алармантна изјавата на Рама за обединување на Косово и Албанија?
Изјавата за обединување на Албанија и Косово поттикна реакции.
Поранешната албанска министерка за евороитеграции Kлајда Ѓоша смета дека изјавата на премиерот Еди Рама за обединување на Албанија и Косово е „повеќе од алармантна“. Таа смета дека Албанија и Косово се две држави кои заслужено треба да одат една до друга кон ЕУ.
Вели дека националистичките изјави го нарушуваат кревкиот мир во регионот.
Според неа, ваквите изјави се контрапродуктивни за дијалогот меѓу Србија и Косово.
Поранешнот албански претседател и екс премиер, Сали Бериша, изјавата на актуелниот албански премиер Еди Рама, дадена во косовскиот град Пеќ, ја смета за антиалбанска.
Слично
