Економија, финансии, бизнис

Контакт

За кирија ќе може да се плаќа и со биткоини

За кирија ќе може да се плаќа и со биткоини

Лондонска градежна компанија која развива станбени единици на повеќе локации по големиот притисок на своите корисници ќе дозволи почетниот депозит за резервирање на становите да се плаќа со меѓународни криптовалути како што е биткоинот. 

The Collective најави дека новите станари од следниот понеделник ќе може да плаќаат со биткоини, а до крајот на годинава ќе прифаќа уплата и во друг вид на криптовалути. 

Ова е за прв британска градежна компанија да дозволи уплата на депозитите и месечните кирии во биткоин со што криптовалутата се покажува дека е во реален раст и се почесто се наоѓа и на секојдневните пазарни трансакции, а не само за онлајн потреби. 

The Collective развива станови врз принципот на ко-живеење со тоа што сите станари плаќаат по многу пониски стапки на кирија и зградите се еден вид на студентски домови но, за луѓе кои допрва ја започнуваат кариерата и за прв пат се осамостојуваат.


Слично

Поврзани вести