Економија, финансии, бизнис

Контакт

За какви нови разговори од нула зборува Нова демократија?

За какви нови разговори од нула зборува Нова демократија?

Грчка опозициска партија Нова демократија ќе преговара повторно со Македонија за решавање на спорот за името, ако Владата на премиерот Алексис Ципрас не успее да го ратификува Преспанскиот договор. 

Ова го изјави советникот на партискиот претседател Киријакос Мицотакис, Макаруис Лазаридис.

Тој за грчкото радио „Параполитика“ ја повторил позицијата на Мицотакис дека партијата нема да гласа за ратификација на Преспанскиот договор под никакви услови.

„Ако договорот не биде ратификуван во Грција, ние како Влада ќе започнеме нови договори со Скопје од нула“, изјави политичарот.

Вели дека актуелниот договор помеѓу Скопје и Атина е лош поради тоа што ги признава македонскиот јазик и идентитет. Лазаридис објаснува дека досега тоа не било прифатено од ниту една грчка Влада.

Слично

Поврзани вести