За каков прогон на Срби алармира Дачиќ?
Замрзнатиот конфликт на Косово може да предизвика прогон на Срби од таму и успорување на европските интеграции.
На ова денеска предупреди српскиот шеф на дипломатијата, Ивица Дачиќ.
Тој во изјава за ТВ Пинк, вели дека замрзнатиот конфликт може да предизвика повторуавње на „хрватското сценарио“ – Албанците да упаднат на север во Косово и да ги протераат Србите со премолчена согласност на меѓународната заедница.
„Србија тогаш би била пред важно прашање што да направи? Дали да ги брани Србите, да интервернира и да влезе во судир со КФОР, НАТО, и тоа значи дека тој судир може да се прошири. Доколку се случи судир, прашање е на кого може да смета Србија, дали тоа значи наше обраќање до Русија“- вели Дачиќ.
Рече дека знае дека уште од времето на Слободан Милошевиќ доколку Србија не може да се победи од надвор тогаш да се направи од внатре со фомирање одредени политички сили. До крајот на годината додава дека се очекува бројот на држави што ја признале независноста на Косово да биде под 100.
Неодамна околу Газиводе на северот на Косово имаше тензии, откако косовски специјалци упаднаа таму. По ова Србија ја подигна својата борбена готовност.
