За јавниот обвинител Зврлевски специјалното обвинителство е политичко!
Наспроти мислењето на јавната Обвинителка Катица Јанева која денешната одлука на Јавните обвинители за преполовување на нејзиниот тим ја оцени како прекршување на договорот од Пржино, државниот обвинител Марко Зврлевски вели дека специјалното обвинителство е политичко.
Зврлевски истакна дека Советот имал параметри по кои одлучил дека во овој момент потребно е да бидат седум обвинители плус главниот обвинител.
Тој изјави дека, за него, Специјалното јавно обвинителство е политичко обвинителство бидејќи е формирано по политички договор и потврди дека во тек е изработка на иницијатива за утврдување на уставноста на Законот за специјален обвинител.
Имено, денешниот Совет на Јавни обвинители донесе одлука која падна на тајно гласање и само седум обвинители се прифатени од 14 кои ги предложи Јанева.
Што се однесува до финансискиот план тој е одобрен од Специјалното јавно обвинителство.