Економија, финансии, бизнис

Контакт

За излез од кризата премиерот Димитриев повика на конструктивност

За излез од кризата премиерот Димитриев повика на конструктивност

За да се надмине политичката криза во Македонија, премиерот Емил Димитриев денеска апелираше на конструктивност од сите политички партии.

Димитриев вели дека партиите имаат средби на разни теми и се надева кога ќе оценат дека постои суштина и оправданост ќе дојде до нова лидерска средба.

„Јас се надевам и апелирам сите партии да имаат максимална конструктивност се со цел што побрзо да заврши оваа политичка криза која има негативни последици и по економијата и по другите сфери на општественото живеење. Ние како Влада работиме максимално посветено на нашите програмски определби кои значат подобри стандарди во сите области на човековото живеење, така што очекувам и партиите со својата конструктивност да придонесат да излеземе од оваа криза“ - изјави Димитриев.

Тој денеска со министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и директор на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски беа во посета на фабриката „Милина свитс“ во Индустриската зона во Штип, за да го означат почетокот на владиниот проект „Македонија вработува 2“.

Слично

Поврзани вести