За излет понесете и пари – од денеска се наплаќа влез на Пелистер
Од денеска започнува да се наплаќа влезот во Националниот парк „Пелистер“. Засега се наплаќа влезница со паркинг на оние кои користат автомобили, комбиња и автобуси.
Влезницата е со различна цена - односно 50 денари плаќаат автомобилите и мотоциклистите, 80 денари комбињата до 20 седишта и 150 денари за автобусите.
Во иднина, влезница ќе се наплаќа по лице за сите посетители на паркот и карта за кампирање, кога ќе се создадат услови за тоа и ќе се отвори уште еден влез кон НП „Пелистер“ од страна на селото Маловишта.
Наплатата ќе ја врши веќе постојниот кадар на вработени во паркот, а прибраните средства ќе ги користи за инфраструктура и подобрување на понудата на паркот и хигиената во него, но и за еколошки потреби.
Слично
