За изградба на автопатот Гостивар-Кичево и Крива Паланка-Деве Баир ќе се бара странска помош
Владата ќе аплицира за грант за изградба на автопат Гостивар – Кичево. Ова станува јасно од вчерашната разгледана и усвоена информација.
Имено, Владата планира да поднесе Апликација за инвестициски грант за изградба на Автопат А2 Гостивар – Кичево делница Букојчани – Кичево.
На ист начин, односно со странски пари се планира да се прошири и рехабилитира државниот пат А2 Крива Паланка – Деве Баир (граница со Бугарија), како дел од Коридор 8.
И за таа намена Владата ќе аплицира за инвестициски грант за градежни работи во рамки на отворениот повик на Инструментот за инвестициска рамка за Западен Балкан (WBIF) за 2017 година.
Слично
