За изборите во Бугарија на 4 април ќе може да се гласа и во Коста Рика и Непал
Министерството за надворешни работи на Бугарија доби одобрение од 57 земји за одржување на националните парламентарни избори на 4 април и на нивната територија.
Истите ќе бидат спроведени во строга согласност со мерките против пандемијата, а во зависнот од тамошните прописи, гласањето ќе биде извршено или во бугарските амбасади, или и надвор од нив доколку се добие специјална согласност.
Во моментот согласност е добиена од Австралија, Австрија, Азербејџан, Туркменистан, Алжир, Ерменија, Белорусија, Белгија, Луксембург, Бразил, Грузија, Данска, Израел, Шпанија, Андора, Сан Марино, Јордан, Казахстан, Кина, Косово, Куба, Јамајка, Северна Македонија, Мароко, Молдавија, Холандија, Обединетите Арапски Емирати, Португалија, Романија, Русија, Словенија, Турција, Узбекистан, Украина, Унгарија, Финска, Црна Гора, Чешка, Швајцарија, Шведска, Намибија, Јапонија, Хрватска, Летонија, Либан, САД, Албанија, Полска, Кувајт, Норвешка, Индија, Литванија, Нов Зеланд, Кипар, Виетнам, Костарика и Непал.
Во врска со мерките во некои земји каде патувањето во земјата е ограничено, Министерството за надворешни работи ќе побара да се признае гласањето таму како валидна причина за да можат бугарските гласачи да стигнат до избирачките места, се наведува во информацијата.
Дипломатската канцеларија ќе стори се за да обезбеди учество на членовите на изборната комисија од Бугарија во зависност од условите на земјата домаќин. Каде и да е потребно испраќање на вработените, тие ќе бидат тестирани со ПЦР и, доколку е можно, вакцинирани на доброволна основа.
