Економија, финансии, бизнис

Контакт

За изборите ќе се празнат и партиските каси, ама и буџетот!

За изборите ќе се празнат и партиските каси, ама и буџетот!
Митинзи, пропаганда, спотови, билборди, изборната трка само што не почнала. Ќе се празнат и партиските каси и државниот буџет. Во овогодинешниот буџет  за изборните активности се предвидени 245,4 милиони денари или околу 4 милиони евра. Во буџетот не беа предвидени пари за предвремени парламентарни избори, така што државаната каса ќе биде олесената за уште неколку милиони евра. Дополнително, изборите ќе ги закочат и економските движења, бидејќи голем дел од државниот апарат ќе биде насочен токму кон изборите и претседателските и парламентарните. Што се ќе гледаме и слушаме за време на камапњата Телевизиите, радијата, весниците, интернет порталите, па дури и на фејсбук во периодот што претстои македонските граѓани ќе бидат бомбардирани со фалби, критики, кој што ќе направи, кој што направил, кој што не направил додека имал можност да биде на власт. Граѓаните секако ќе имаат можност да слушнат и (не)секојдневен вокабулар од навреди, напади за корупција, поделби на предавници и патриоти итн... Милиони евра за финансирање на (не)евтините кампањи - од каде толку пари на партиите Парите во политиката се чини ќе останат и понатаму мрачна страна на изборите. Иако, партиите меѓусебно се обвинуваат за нелегално финансирање, кога ќе ги прашате како се финансираат, тие велат дека работат според законот односно дека се финасираат од членството, од физички и правни лица и дека навремено и целосно доставуваат финансиски извештаи. Но кога се поставува прашањето кој се донира пари во една изборна кампања тогаш конечен и конкретен одговор нема. Од партиите за „Фактор“ велат, кампањите ќе бидат скромни. Финансирањето ќе се заснова врз законските основи коишто се воглавно од членарината и од другите можни извори предвидени со закон. Но, во практика сепак ќе гледаме гламурозни и скапи кампањи под закрила на тајност и недореченост за изворите од кои се финансираат милионските трошоци за пропаганда. Што се не очекува за време на кампањата Економијата ќе доминира за време на предизборниот период, но повеќе од јасно е дека ќе се зборува и за слобода на медиуми, нарушени човекови права, демократија, корупција. Се чини дека спорот со Грција за името ќе биде во втор план. ВМРО ДПМНЕ во кампањата за предвремените парламентарните избори најверојатно ќе атакува со како што може да се насети од активностите продолжување на како што велат веќе започнатите проекти. Главен акцент ќе биде ставен на изградбата на најавените автопатишта. Секако во овој дел ќе се форсираат странските инвеститори кои веќе дошче во Македонија, кои отвориле фабрики и кои вработуваат луѓе. Исто така, во кампањата ќе се слушаат и бројки, за намалена невработеност, намалена сиромаштија, земја која од цела ЕУ има најдобри економски показатели...Во кампањата за претседател на државата од ВМРО ДПМНЕ најверојатно повеќе ќе биде сконцентрирани во напади кон противкандидатот од социјалдемократите Стево Пендаровски. Најверојатно во кампањата ќе доминира и патриотскиот мотив. Секако, на моменти од кампањата свое место ќе завземе и ликот и делото на Бранко Црвенковски. Се претпоставува дека Иванов нема да не добива многу голем маневарски простор. Стево Пендаровски - ѕвезда на СДСМ СДСМ за време на кампањата се поизвесно е дека ќе интезивира промоцијата на својата програма за „Враќање на средната класа“. Во овој дел според досега виденото детално ќе бидат обелоденети моделите за враќање на ДДВ, персонален данок и сите мерки кои социјадемократите ги предвидуваат во делот за враќање на средната класа. Се претпосатавува дека СДСМ жестоко ќе удри по како што досега тврдеа катастрофалната економска политика. Опозицијата ќе опстојува на тврдењето дека изминативе осум години од доаѓањето на власт на ВМРО ДПМНЕ, македонските граѓани се посиромашни од било кога, дека државата се задолжува агресивно, а сигурно ќе се негира и тврдењето на Владата дека Македонија е една од најниско задолжените земји во Европа. Несомнено, ѕвездата на социјадемократите на овие избори ќе биде нивниот кандидат за претседател Стево Пендаровски. ДУИ и ДПА вообичаено во жешка кампања  Кај албанскиот политички блок во центарот на вниманието ќе бидат кампањите на ДУИ и ДПА. ДУИ најави индиректен бојкот на претседателските избори, ДПА исфрли свој кандидат во ликот на Илијаз Халими. За време на кампањата пресметките најверојатно ќе бидат за тоа кој повеќе направил за алабанските граѓани. Несомнено во овој дел албанските партии ќе ветуваат и пропорционална распределба на буџетот. На сила е новиот Изборен законик - ќе се почитува ли? За овие избори, Македонија доби нов изборен законик. Дали Изборниот законик, што беше донесен со партиски консензус ќе обезбеди фер и рамноправна изборна трка Во член 8 од Изборниот законик пишува дека од денот на рапишување на избори, па се до нивното завршување, не смее да се стратуваат нови проекти за кои не се предвидени пари во државната каса.  Во Изборниот законик пишува дека од денот на донесувањето на одлуката за распишување на избори до завршување на изборите не смее: -  Да се располага со буџетски средства, средства на буџети на општините и на градот Скопје, од јавни фондови, средства на јавни претпријатија и фирми со државен капитал; - Да се започне изградба со средства од Буџетот или Јавни претпријатија, Јавни фондови и државни фирми, на нови објекти во инфраструктурата, патишта, водоводи, канализации, спортски игралишта, градинки, училишта, освен ако за таа намена претходно се обезбедени пари од Буџетот; - Да се врши исплаќање на плати, пензии, социјална помош и дрги видови на надоместоци од буџетски средства кои не се редовни месечни исплати; И.М
Слично

Поврзани вести