Економија, финансии, бизнис

Контакт

За искршената канцеларија на Иванов се бараат 15.000 евра

За искршената канцеларија на Иванов се бараат 15.000 евра

Судскиот процес во Основниот суд Скопје 2 против демонстрантите Никола Аризановски и Филип Наковски е презакажан за утре.

Тие се обвинети за учество во толпа, кога беше демолирана Народната канцеларија на претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов. Штетата од демолирањето на канцеларијата изнесува  15.000 евра, стои во обвинителниот акт.

Судијката која го води предметот, Весна Петровска-Тагасовска, денеска соопшти дека во обвинителниот акт е наведена целата штета која се однесува на сите демонстранти, но нагласи дека во меѓувреме и стигнал и нов предмет за други демонстранти за кои таа не прифаќа спојување на постапката. Адвокатот на двајцата обвинети, Владимир Данаилов вели дека неправично е штетата да ја сносат само двајцата демонстранти.

Слично

Поврзани вести