За импичментот на Иванов се расправа втор ден, се бара негова оставка
Пратениците во Собранието втор ден расправаат за предлогот за импичмент за шефот на државата, Ѓорѓе Иванов.
Од СДСМ бараат оставка бидејќи со одлуката за аболиција го прекршил Уставот, а од владејачката ВМРО ДПМНЕ тврдат дека нема основа да се бара правна одговорност.
„ВМРО ДПМНЕ да одговори кога Иванов бил во право , кога ја донел одлуката за аболиција или кога ја поништил“ - рече пратеникот Горан Сугарески од СДСМ.
Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ вели дека Комисијата се изјасни дека Претседателот Иванов нема направено прекршок на Уставот.
„Значи уставно право но и должност на Претседателот е кога има одредени сознанија дека се нарушени одредени безбедносни мерки, јас тука би сакала да го нагласам и моментот кога ја даде аболицијата, значи немојте да заборавите дека тој ги поднесе овие аболиции додека беше распуштено Собранието, имавме техничка влада и Собранието не функционираше“ - кажа таа.
Според собранискиот деловник нема ограничување во дискусиите, а за дискусија се пријавени повеќе од 80 пратеници. За да помине предлговот за импичмент на Иванов, треба позитивно да се изјаснат две третини од вкупниот број пратеници.
Слично
