За Хан е важно да има избори кои ќе ги прифати меѓународната заедница
Во Македонија е важно да се одржат избори кои што ќе бидат прифатени од меѓународната заедница, изјави еврокомесарот Јоханес Хан во интервју за Радио Слободна Европа.
Според неговите зборови тоа значи дека мора да има чист избирачки список, мора изборите да бидат без заплашување кандидати, партии, лица. „Тоа е она што е важно во моментов“, вели Хан.
Запрашан дали договорот од Пржино се уште има иднина и покрај протестите во Македонија Хан рече дека има.
„Има. Имавме искуство кога вообичаено сите различни рокови беа исполнети како што првично беа договорени, или малку подоцна. Затоа финалната битка е да има избори“.
Целото интервју на еврокомесарот Хан за РСЕ прочитајте го тука.
Слично
