Економија, финансии, бизнис

Контакт

За Гутереш и за ОН Косово не е држава

За Гутереш и за ОН Косово не е држава

Во разговор со српската премиерка Ана Брнабиќ, генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш изјавил дека за ОН Косово не е држава. 

Оваа информација ја соопшти српската Влада.

Брнабиќ рекла дека Србија активно учествува во мировните мисии на ОН, и дека во интерес на земјата е УНМИК да остане на Косово. 

„Ова го истакнав и на состанокот на Акцијата за мир“- вели Брнабиќ.

Гутереш рекол дека светската организација ќе поддржи евентуален договор меѓу Белград и Приштина.

Гутереш потврдил дека УНМИК ќе остане на Косово. Брнабиќ навела и дека ОН треба да биде поактивна во меѓународните односи. На состанокот присуствувал и српскиот министер за надворешни работи,  Ивица Дачиќ кој го повикал Гутереш да ја посети Србија.

Од ОН деновиве го потврдија случајот дека претставниците на Косово присуствувале без покана.

Во работата на Генералното собрание учествуваат само претставниците на државите членки на ОН, а во расправата на високо ниво можат да зборуваат само претставници на земјите членки и постојаните набљудувачи. Статус на постојан набљудувач имаат само Ватикан и Палестина, а тоа не важи за Косово. 

Од ОН рекоа дека косовските претставници можат само приватно да бидат во Њујорк. 

Слично

Поврзани вести