Економија, финансии, бизнис

Контакт

За Грујовски нема притвор, ќе му се одземе само пасошот

За Грујовски нема притвор, ќе му се одземе само пасошот

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 на седница денеска  ја отфрлил жалбата на Специјалното јавно обвинителство и ја потврди одлуката на судијката, Александра Поп-Стефанија на првоосомничениот во случајот „Тврдина“, Горан Грујовски да му биде одземен само пасошот.

Ова попладнево го соопштија од судот, а СЈО бараше од Кривичниот суд на Грујовски да му биде одредена мерка притвор.

„Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје постапувајќи по жалбите поднесени од Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите ( СЈО ) и одбраната на Г.Г., осомничен во предметот на СЈО познат како „Тврдина“, против решението на судија на претходна постапка при овој суд, по барање на странките, денеска одржа седница во присуство на обвинител од СЈО и одбраната на осомничениот на која ги образложија аргументите во поднесените жалби и дадениот одговор на жалба од одбраната. По разгледување и ценење на жалбите советот донесе одлука со која двете жалби ги одби како неосновани и го потврди решението на судија на претходна постапка со кое на Г.Г. му се определува превентивна мерка – одземање на патна исправа“- пишува во соопштението од судот.

Грујовски и други четворица осомничени, меѓу кои и екс министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска се сомничат дека лани ја уништиле опремата за незаконското прислушување.

На Грујовски во март му беше одреден притвор и тој траеше 6 дена во затворот Шутка. Потоа, Кривичниот совет му го укина притворот и му одреди мерка домашен притвор, од кој Грујовски се спаси со аболицијата на претседателот на државата, Ѓорге Иванов.

Слично

Поврзани вести