Економија, финансии, бизнис

Контакт

За Груевски, Трајковски и Јанакиески нема мерка претпазливост

За Груевски, Трајковски и Јанакиески нема мерка претпазливост

Основниот суд Скопје 1  преку соопштение вечерва објави дека против Груевски, Трајковски и Јанакиески кои денеска беа на распит пред судија на претходна постапка, не е донесена мерка претпазливост.

Мерка претпазливост за нив бараше СЈО. Судијата на претходна постапка го одби барањето како неосновано и одлучи да не определи мерки за претпазливост, се наведува во соопштението. Во рок од 24 часа СЈО има право да поднесе жалба до Кривичниот совет при Основен суд Скопје 1 – Скопје.

СЈО побара од судот да им изрече мерки за претпазливост на осомничените во случајот „ТНТ“,  за рушењето на комплексот „Космос“. Ваква мерка се бараше за лидерот на ВМРО ДПМНЕ и екс премиер,  Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиевски и градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски.

Сите тројца ја негираа вината, а Груевски кажа дека нема да ја напушти земјата, нема да избега и ова го толкува како обид за негово оцрнување.

„Космос“ е урнат во 2011 година, а предметот го отвори СЈО. Во опозициските „бомби“ имаше разговори меѓу осомничените за рушењето на комплексот.

Слично

Поврзани вести