Економија, финансии, бизнис

Контакт

За Груевски излегувањето на министрите на ДУИ од Владата е внатрепартиска работа

За Груевски излегувањето на министрите на ДУИ од Владата е внатрепартиска работа

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски за излегувањето на министрите на ДУИ од Владата вели дека тоа е внатрепартиска одлука.

„Немам некој посебен коментар. Се работи за внатрешна партиска одлука. Тоа е нивна одлука и јас не би ја коментирал“- изјави тој во Куманово, по пуштањето во употреба на реконструиран објект.

За тоа дали сега ќе следи создавање нова Влада, Груевски вели дека следуваат избори и дека граѓаните се тие кои ќе оценат која и каква Влада треба да се состави во иднина. Помалите партии денеска го коментираа излегувањето на министрите на ДУИ од Владата. Од ДПА сметаат дека последната одлука на ДУИ е врв на лицемерието. Во Унитети велат дека одлуката  е во корист на ВМРО-ДПМНЕ, за изборите да се одржат што побрзо. Од Демократскиот сојуз, Павле Трајанов рече дека решението е во формирање на една политичка и експертска влада, а од НСДП сметаат дека се работи за договор меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ.  
Слично

Поврзани вести