Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗА ГРОЗОМОРНОТО ДАВЕЊЕ НА СОПСТВЕНИТЕ ДЕЦА КОПИЦ ОДИ НА РОБИЈА 50 ГОДИНИ: Хрватскиот суд изрече максимална казна

ЗА ГРОЗОМОРНОТО ДАВЕЊЕ НА СОПСТВЕНИТЕ ДЕЦА КОПИЦ ОДИ НА РОБИЈА 50 ГОДИНИ: Хрватскиот суд изрече максимална казна

Австрискиот државјанин Хералд Копиц (57) денеска пред судот во Загреб е осуден на максимална затворска казна од 50 години за убиството на неговите три малолетни деца во Загреб во септември минатата година.

Судскиот процес кој почна и заврши денеска беше затворен за јавноста поради заштита на достоинството на убиените деца и нивната мајка, хрватска државјанка.

Медиумите објавија дека Копиц се изјаснил за виновен, а за секое убиство е осуден на 27 години, што се комбинира со максимална казна од 50 години.

Судењето беше затворено за јавноста пред тој да се изјасни за виновен за „користење на довербата на децата во него како татко на 24.09.2021 година, околу 22 часот во стан во Загреб“ со умисла да ги убие и го изврши злосторството.

Децата, од кои две близначиња на возраст од седум, а едно четиригодини, тој викенд требало да го поминат со него.

Со вештачење е утврдено дека тој бил здрав во моментот на делото.

Копиц живеел и работел во Загреб, а, според пишувањата на медиумите, имал свои фирми и работел во неколку големи компании како финансиски консултант и преговарач.

Хрватската, но и целата јавност во регионот беше згрозена од монструозниот чин кој го направи Копиц на сопствените деца. 

ФОТО: Instagram


Слично

Поврзани вести