Економија, финансии, бизнис

Контакт

За граѓаните на Србија, 2014 ќе биде најтешка година од појавувањето на кризата

За граѓаните на Србија, 2014 ќе биде најтешка година од појавувањето на кризата
Министерот за финансии на Србија денеска ќе го обелодени сетот на економски мерки кои, како што е најавено, ќе бидат тешки и непопуларни, но кои мора да се донесат и спроведат за на граѓаните на долг рок да им биде подобро. Економистите тврдат дека за граѓаните 2014 ќе биде најтешка од појавувањето на кризата. - Потребно е да се направи напредок во пет области за да се поттикне здравиот раст на економијата, наплата на данок и акцизи, реформа на јавниот сектор, решавање на проблемот со јавните претпријатија и реконструкција, сопирање на растот на јавниот долг и креирање на нов работен амбиент - изјави министерот Крстиќ.  
Слично

Поврзани вести