Економија, финансии, бизнис

Контакт

За големите задолжувања нема да решава Собранието

За големите задолжувања нема да решава Собранието

Парламентот нема да одлучува за задолжувањата на Владата поголеми од 100 милиони евра, објави Телма.

Мнозинството пратеници во Собранието,  велат дека е неприфатлив предлогот на Павле Трајанов од Демократскиот сојуз, за големите кредити земени преку еврообврзница, да има собраниска расправа, а со тоа и поголема контрола за што ќе се трошат парите.

„Не може без транспарентна постапка да се зголемува јавниот долг, да нема стратегија каде ќе одат парите, дали ќе се зголеми БДП, ако парите се за клиентелизам и предизбори“ - вели Трајанов од Демократски сојуз.

Предложените законски измени според опозицијата и се потребни на Македонија затоа што јавниот долг станува се поголем проблем.

„Не знаеме за што се трошат парите од еврообврзниците, постојано се земаат нови кредити, а продолжуваат да се градат непродуктивни и неразбирливи проекти“ - изјави Марјанчо Николов од СДСМ.

Според него, живееме на кредит, а должничкиот ланец не може да се прекине.

Пратенците од власта сметаат дека предложеното ограничување на задолжувањата е непотребно и негираат дека растат скриените долгови.

Треба да се зголеми контролата, да има транспарентност, смета Владанка Авировиќ од ВМРО ДПМНЕ.

Слично

Поврзани вести