Економија, финансии, бизнис

Контакт

За Ѓукановиќ Отворен Балкан не се заснова на европски вредности

За Ѓукановиќ Отворен Балкан не се заснова на европски вредности

Според црногорскиот претседател, Мило Ѓукановиќ, иницијативата Отворен Балкан не се заснова на европски вредности.

Тој денеска во Братислава на безбедносниот форум „Глобсек“ изјави дека во Црна Гора има поделени мислења за регионалната иницијатива Отворен Балкан, додавајќи дека е добро што нема разлика меѓу владата, претседателот и парламентот за стратешката цел. Вели дека сите сакаат Црна Гора да влезе во ЕУ што е можно поскоро.

„Го слушнав српскиот претседател Александар Вучиќ дека имаат одлична соработка со Албанија и Северна Македонија, но дека има проблем кога станува збор за границата со Хрватска или ЕУ. Тоа е проблем, бидејќи Отворен Балкан не се заснова на европски вредности, туку на регионална соработка“, изјави Ѓукановиќ.

Косовскиот премиер Албин Курти му испрати писмо на македонскиот премиер Димитар Ковачевски во кое ја одбива поканата за учество на самитот на Отворен Балкан во Охрид заедно со Македонија, Албанија и Србија.

Тој вели дека  Приштина и Скопје треба заедно да работат на спречувањето на Србија да го шири нејзиниот руски и кинески интерес во регионот. 

Слично

Поврзани вести