Економија, финансии, бизнис

Контакт

За Ѓукановиќ е глупост што го поврзуваат со атентат на Вучиќ

За Ѓукановиќ е глупост што го поврзуваат со атентат на Вучиќ

Глупост е што ме доведуваат во врска со подготовката на атентат на Вучиќ, вели црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ. 

Кажа дека целта е да се сврти вниманието кон српскиот претседатател Александар Вучиќ. 

„Сметам дека таа тема на политичката и медиумска сцена и на Србија и на Црна Гора ја извртуваат еден број луѓе со болен ум. Затоа нивните измислици за мојата наводна улога во вистинската или измислена подготовка на атентат на претседателот на Србија ги отфрлам со потсмев на најдлабок презир“, изјави  Ѓукановиќ.

Вели дека Србија се приближува на избори и дека владејачката политика е незадоволна од искуството со неодамна одржаниот референдум.

Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави  дека опасноста од атентат на српскиот претседател Александар Вучиќ сè уште не е отстранета. Се споменуваше дека во планирање на атентатот бил вмешан криминалецот Радоје Звицер. Атентатот требало да се случи во февруари. Брнабиќ рече дека Црна Гора е мала држава со силна мафија. 

Слично

Поврзани вести