Економија, финансии, бизнис

Контакт

За Форбс Македонија е топ дестинација за инвестирање

За Форбс Македонија е топ дестинација за инвестирање
Во последното декемвриско издание угледниот економски магзин Форбс ја опишува за Македонија како  топ дестинација за инвестирање. Во специјалната едиција која е посветена за државава под наслов Промоции – магазинот пишува за  економските перформанси, бизнис можностите и даночните поволности  кои земјата ги нуди за странските инвеститори. „Регистриран е пораст на БДП од 3,4 проценти во првите шест месеци од 2013 година, повеќе од 3 проценти од европскиот просек. За таква мала земја со површина од и 25.713 квадратни километри, население од нешто повеќе од 2 милиони граѓани, Македонија удира добро над својата тежина во економска сила, инвестицискиот потенцијал и изгледите за развој. Благодарение на потпишаниот договор за слободна трговија со ЕУ, ЕФТА и моќните Турција и Украина, Македонија обезбедува преференцијален пристап на пазарот на повеќе од 650 милиони потрошувачи“. пишува Форбс. „Го имаме најатрактивниот даночен режим во Европа, а во технолошко-индустриските развојни зони обезбедуваме 10 години ослободување од данок, па дури и парични стимулации. Со рамен данок од 10 проценти и неоданочување на реинвестирана добивка, Македнија има цел да им дозволи на оние што генерираат капитал во земјава да ги користат придобивките на краток рок со цел да стимулираат поголема инвестција на подолг рок“, изјавил вицепремиерот Страврески. Во текстот посебно внимание е посветено на идеалните бизнис-услови што им ги нуди државата на инвеститорите, пред се преку отстранување на бирократските пречки, со што Македонија секоја година се качува погоре на листата на земји со најдобра бизнис-клима.
Слично

Поврзани вести