За фирмите што добиваат милионски суми субвенции или за манипулациите со јавноста?
Фирмата Ексико за три години добила субвенции од државата во вредност од околу 5 милиони евра, обелодени опозицискиот портпарол Петре Шилегов. Управител во компанијата, која деновиве се најде во фокусот на препукувањата меѓу власта и опозицијата е Горан Гацов, човек од доверба на директорот на ДБК, Сашо Мијалков.
Според докуметите на опозицијата, субвенциите од пет милиони евра Ексико ги добила преку фирмите каде таа се јавува како сопственик или има дел од сопственоста. Односно, на ЗК Пелагонија и се префрлени 2,5 милиони евра за субвенции, а на Жито Лукс, Жито Полог, Жито Вардар и се префрлени 1,8 милиони евра за субвенции. Во сите овие комбинати сопственик е Ексико.
Фирмата Ексико влегла во ЗК Пелагонија – Битола, на 29.11.2011 година. Ексико преку З.К.Пелагонија влегла во Жито Лукс, во Жито Вардар и во Жито Полог. Ексико и преку Пелагонија Полог влегува во Жито Полог.
Заедо со Ексико, во ЗК Пелгонија-Битола, удел има и Орка Холдинг на Јордан Камчев.
Груевски го нема, како што го немаше и за скандалот Актор до моментот до кога криењето стана невозможно. Мијалков секој ден повторува: Не сум јас. Сето ова, не е случај ни за институциите, како на пример за Комисијата за заштита на конкуренцијата, реагираше опозцијата.
Ексико во партнерски односи со Орце Камчев?
Ексико на Горан Гацов и Орка Холдинг на Јордан Камчев, заедно имаат удели во ЗК, Пелагонија Битола, но и во други бизниси се во партнерски односи посочуваат од опозицијата.
„Орка Холдинг, партнерот на Ексико во дел од бизнисите во Македонија е сопственик на Графички центар Скопје. Графички центар, како е познато, е 100 процентен сопственик на Медија Принт Македонија. Управител на групацијата МПМ е Срѓан Керим. Под МПМ како што е познато се дневните весници Дневник, Утрински весник, Вест. МПМ е основач и на порталот Телеграф кој има ист директор со хотел Ибис, во којшто се влезени и Ексико и Орка Холдинг.
Или тоа изгледа вака:
- Орка Холдинг сопственик на Графички Центар
- Графички Центар сопственик на МПМ
- МПМ – основач на Телеграф
- Телеграф има ист директор со хотел ИБИС
- Сопственици на хотел ИБИС – Орка Холдинг и Ексико
Слично
