Економија, финансии, бизнис

Контакт

За фамозниот мерцедес што го купи Груевски Владата набавува нови гуми

За фамозниот мерцедес што го купи Груевски Владата набавува нови гуми

За блиндираниот луксузен мерцедес Владата набавува нови гуми за кои ќе потроши околу 3.300.000 денари.

Преку јавно достапната документација се е забележува дека за пневматици за блиндираното возило ќе се потрошат повеќе од 53.000 евра!

Премиерот ветуваше дека фамозниот автомобил ќе биде продаден а за истиот Груевски е осуден на затворска казна од две години.

Како што се наведува предмет на договорот е во два дела и тоа набавка на гуми за стандардни моторни возила, чија вредност без ДДВ изнесува 700.000 денари и набавка на гуми за блиндирани моторни возила, чија вредност без ДДВ изнесува 3.300.000 денари, додека пак вкупната сума на набавката е 4.720.000 со ДДВ или околу 77.000 евра.

Слично

Поврзани вести