За „Економист“ ова е земја на годината за 2017-та
За „Економист“ Франција е земја на годината.
Франција е земја на 2017 година поради изборот на Емануел Макрон за претседател, кој што го победи стариот режим, пишува списанието „Економист“.
Макрон го промени имиџот на Франција, која што изгледаше непопустлива кон реформите, заглавена меѓу склерозата и ксенофобијата, пишува во „Економист“.
Тој ја победи ултра-националистката Марин Ле Пен, која според „Економист“ ќе ја уништела ЕУ доколку била избрана за претседателка.
Тие сметаат дека новиот француски претседател, со предложените реформи, како онаа за пофлексибилен пазар на труд, ја трансформирал националната политика и дал надеж на оние кои мислат дека поделбата на „лево и десно“ е помалку важна од отвореноста и изолацијата.
Како одлични оваа година се оценети и Бангладеш, бидејќи ги примиле бегалците Рохинџи од Мјанмар, Аргентина поради изборот на Маурисио Макри за нов претседател и Јужна Кореја за политичките реформи направени против заканите од Северна Кореја.
Оваа награда списанието „Економист“ ја доделува од 2013 година на држава која направила најдобри промени или го направила светот подобар во изминатите 12 месеци.
