ОБНОВЕНО: За едно деноноќие петмина загинати во две тешки сообраќајни несреќи
Пе лица загинаа за едно деноноќие на патиштата во Македонија, Тешки несреќи имаше кај Агино село и кампот Елешец.
Вистинска трагедија се случи синоќа кај Елешец кога во сообраќајна несреќа загинаа три лица, а едно е тешко повредено. Сообраќајката се случила непосредно по полноќ, кај автокампот „Елешец“, на местото викано „тумбата“.
Учествувале две возила, едното џип со три лица и „рено канго“ во кое се возеле сопружници. Во сообраќајката загинаа 21-годишниот Х.Ј. сопатник во џипот и сопружниците 38-годишниот К.Д. и неговата сорпуга Т.Д. Возачот на џипот, 21-годишниот П.Ш. со тешки повреди е хоспотализиран во охридската болница.
Се очекува во текот на денот охридската полиција да ги соопшти деталите за несреќата како и причините до кои дошло.
Вчера околу 16 часот, на автопатот Куманово-Скопје блиску до Агино село загина и . Л.С.(38) од селото Брзак. Днеска на повредите им подлегна и неговата сопруга, јави порталот Кумановоњуз. Ввтомобилот „венто“ со кумановски регистарски таблички, ја изгубило контролата на возилото и излетало од патот по што се превртело и преминало на спротивната коловозна лента на автопатот. Таму се судрило со друго возило кое се движело во спротивна насока-кон Куманово.
Во верижна сообраќајка пак синоќа во центарот на Скопје на Рекорд се судриле четири автомобили, јави Телеграф.
Несреќата се случила околу три часот утринава и во неа учествувале четири автомобили, два „фолксвагени“, „цитроен“ и „опел“.Засега нема информации за повредени.
Несреќата се случила околу три часот утринава и во неа учествувале четири автомобили, два „фолксвагени“, „цитроен“ и „опел“.Засега нема информации за повредени.
Слично
