За една од европските земји не е проблем да го плаќа гасот во рубљи
Доколку Русија побара, Унгарија за рускиот гас ќе плаќа во рубљи.
Повеќето европски земји се спротивставија на овие руски уцени.
„Унгарија не би имала потешкотии да ги плати испораките на гас од Русија во рубли, а ако Русија го побара тоа од Будимпешта, таа ќе го стори тоа“, изјави премиерот Виктор Орбан, одговарајќи на прашање на Ројтерс.
Орбан додаде дека го повикал рускиот претседател Владимир Путин да воспостави итен прекин на огнот во Украина и предложил лидерите на Франција, Германија и Украина да се сретнат со рускиот лидер во Будимпешта. Путин му рекол дека ќе го прекине огнот, но со услови.
На крајот на месец март, рускиот претседател објави дека Русија во иднина ќе бара плаќање на сметките за гас во рубљи. Но, ова барање земјите од ЕУ го одбија, повикувајќи се на договорите во кои е наведена валутата на плаќање.
