За една недела ќе се знае дали ќе има зголемување на минималната плата
За зголемување на висината на минималната плата, предлог на Сојузот на синдикати на Македонија, се очекува во следните седум дена Економско-социјалниот совет да одржи седница.
Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски очекува дека нема да има проблеми при дефинирањето на износот на минималната плата за 2013 година.
- Во договор со членовите на Економско-соцојалниот совет ќе ја закажеме седницата. На неа ќе се разгледа законското усогласување на минималната плата согласно податоците од Државниот завод за статистика. Економско-
Минатата недела Сојузот на синдикати на Македонија побара итно свикување на Економско-социјалниот совет со цел да се утврди висината на минималната плата, имајќи го предвид зголемувањето на исплатената бруто-плата минатата година.
