За една година живеачката е поскапа за 1 200 денари!
За да се прехрани и да ги подмири сметките, на едно семејство во мај му биле потребни 32 506 денари. Најновите податоци на Сидикатот покажуваат дека најголем дел, или 42,6% од Минималната месечна синдикална кошница зафаќа исхраната или за тоа се трошат речси 13 900 денари.
Еве како изгледаат месечните трошоци пресметани од синдикалниот калкулатор :
- Храна 13 852 денари
- Домување 10 379 денари
- Превоз 2 339 денари
- Хигиена 2 212 денари
- Облека и обувки 2 046 денари
- Култура 1 070 денари
- Одржување на здравје 606 денари
Слично
